„Жената што го пукна ѓаволот“- во Кино салата „Драги Тозија“ – Ресен

Училишната претстава „Жената што го пукна ѓаволот“- проширена и доработена ќе се изведува во Кино Салата „Драги Тозија“- Ресен.
На иницијатива на наставничката по македонски јазик – Маријана Колеска и Ѓоко Таневски – Бифо (сценограф и арт-дизајн мајстор) оваа претстава прерасна во нешто поголемо од училишна претстава.
Подготовките се во тек.
Екипата работи со полна пареа за премиерата која треба да се случи на 8.06.2015г.(понеделник) во 20.00ч. и втората изведба на 9.06.2015г.(вторник) во 12.30ч.
Екипата која неуморно работи на оваа претстава ја сочинуваат:

-Режијa,aдaптaцијa нa текстoт, музикa- Мaријaнa Кoлескa;
-Актери-Сaрa Мaнoвскa, Еленa Пaнoвскa, Митрa Јaнкулa, Крсте Трaјкoвски, Јoвaн Спирoвски, Крсте Кoстoвски, Алексaндaр Секулoвски и Виктoр Никoлoвски ;
-Сценoгрaфијa, реквизити, aрт-дизaјн, oргaнизaцијa и реaлизaцијa- Ѓoкo Тaневски- Бифo;
-Техничка подршка, светло и тон – Менде Танчевски, Никола Источки и Ѓорѓи Ставревски;
-Шминкa- Ивана Јовановска;
– Вoдител и суфлер-Елена Калајџиевска;

11000421_10204985619773344_1759335134795203681_n

Advertisements
Categories: ДВ | Напишете коментар

Реализиран пролетниот излет и реализирана МИО обуката за спортски активности

На 28.05.2015г. беше реализирам пролетниот излет со учениците од нашето училиште. На овој излет беше извршена обука за спортски активности со помош на обучувачите од “Open Fun Football”. Учениците се дружеа и забавуваа низ зпортските игри.

СЛедуваат фотографии од спортските игри: 20150527_111710

20150527_111633

20150527_111555

20150527_111540

20150527_111451

20150527_111153

Categories: ДВ | Напишете коментар

Обука за заеднички спортски и рекреативни активности на учениците и за тимовите на наставниците- како дел од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

Овој викенд на 17- 18 .04.2015 г. во хотел „Макпетрол“- Струга беше реализирана МИО обука за заеднички спортски и рекреативни активности на учениците и за тимовите на наставниците, членови задолжени за реализација на МИО проектот:
– Марица Мачковска- директор на училиштето;
– Дивна Темелковска- координатор на тимоот за МИО ( наставник по англиски јазик);
– Маријана Колеска- член на тимот ( наставник по македонски јазик);
– Шпреса Решиди- член на тимот ( наставник во одделенска настава);

Од сите општински училишта, менторот задолжен за овој реон го предложе нашето училиште како училиште каде што успешно се рализираат активностите предвидени со МИО проектот.
Обуката се одвиваше во неколку етапи :
– Бон- бон куп/ практична работа низ три ротации;
– Работилница- дете во центарот- просветен работник;
– Креативна работилница- просветен наставник;
– Практична работа на терен- Креативни работилници на терен;
Главна и основна цел на овие работилници беше преку прашања да се изнајдат начини како да добиеме посреќно дете во воспитно – образоцниот процес, среќното дете кое треба да ѕвезда водилка на секој наставник и родител.
Кои правила треба еден наставник да ги почитува при реализација на спортските активности?
Што ќе добие наставникот за возврат од страна на учениците?- како одговор на тоа добиваме дека наставникот на добива почитта од учениците и насмеаното лице.
Разговорот претставува важно педагошко средство меѓу наставникот и оние то се на пат да пораснат. Соработката е меѓусебен однос во кој не се работи само за тоа јас да бидам добар, туку и што се можам да сторам за да му помогнам другиот да биде подобар.
Најдоброто и најважното нешто во спортот се дружењето и социјалниот живот на соучениците, создавањето средина во која децата учат да : слушаат, покажуваат игра, толеранција, прават компромиси, зависат едни од други и преземаат одговорности заедно со другите.
Она што треба да претставува мотивација е- да се учи низ игра затоа што добрата игра ги урива границите и создава еден „нов и заеднички однос на припадност“ едно „ново ние“. „Ние победивме“ и „Ние изгубивме“.

Следат неколку фотографии од обуките:11178614_796750737040986_1072965476_n

10409629_10204813977522395_6883959721284054163_n

10906382_10204813980362466_8881138866604273020_n

11138694_10204812331281240_7391915247169986041_n

11153363_796751677040892_804203546_o

11153652_796751633707563_1656826177_o

11158205_796750753707651_1371846623_n

Categories: ДВ | Напишете коментар

Велигденски хепенин – 2015 год.

Како и претходните години, така и оваа година на 09.04.2015г. (четврток), нашето училиште зеде учество на Велигденскиот Хепенин во организација на Општината Ресен по повод христијанскиот празник Велигден.
На градскиот плоштад беа поставени штандови со изработки на велигденски украси и храна подготвена по овој повод. Вредните раце на нашите наставнички Везна Зузаровска ( наставник во одделенска настава с. Сливница ) и Дивна Темелковска( наставник по англиски јазик) , заедно со учениците изработија прекрасни велигдениски украси кои беа изложени на продажниот велиденски штанд. Додека пак родителите на учениците од ПУ с. Сливница и учениците од VIII одд. подготвија вкусни велидгенски слатки и колачи. Со ова нашите наставници, ученици и родители на ученици беа пример за тимска работа, го покажаа и докажаа креативниот дух, своите вештини, знаења и умеења во она што го работат.
Во продолжение неколку фотографии од Велигденскиот Хепенинг href=”https://dimitarvlahov.files.wordpress.com/2015/04/10338344_656757094430251_3073203720253399577_n.jpg”>10338344_656757094430251_3073203720253399577_n

11133886_656757317763562_2848800332231357640_n

11082519_656757181096909_7103287657347375909_n

11072196_656757157763578_2575040256111738870_n

11136639_656757097763584_3079397257589550767_n

11150214_656757154430245_6044006616929950996_n

11149358_656757034430257_78390874680812707_n

Categories: ДВ | Напишете коментар

Прославен патрониот празник на ОУ „Димитар Влахов“- с. Љубојно

Денес по 71 -ви пат беше прославен патрониот празник на нашето училиште. По овој повод наставниците и учениците подготвија програма со која се претставија пред присутните: гости,градоначалникот, претставници од општината, родители и наставници.
Програмата беше поделена на две етапи:спорстски дел( фудбалски натпревар помеѓу учениците од ОУ„Димитар Влахов “- како домаќини и ОУ„Браќа Миладиновци “-с. Царев Двор, како гости). Резлутатот беше 4: 3 за нашето училиште.

За културно уметничкиот дел беа одговорни:

-одделенските наставници – Мери Наумовска, Кадиме Исљами, Сузи Ќоропановска и Деса Трајчевска

– наставничката по македонски јазик и раководител со литературната секција- Маријана Колеска;

– наставничката по англиски јазик и раководител со англиската секција- Дивна Темелковска;

– наставникот по Музичко Образование – Лазор Алабаковски;

Наставниците ја оправдаа одговорноста , како и учениците кои беа вклучени во истата.

Програмата започна традиционално со химната на Р. Македонија која ја изведуваше хорот , па веднаш потоа зеде збор таткото на општината, градоначалникот , господин м-р Ѓоко Стрезовски. Програмата се состоеше од разновидни точки : песни, ритмички точки, две традиционални ора( македонско и албанско ) како дел од МИО проектот „Сите сме еднакви“, рецитали – драмска изведба „They will never learn“ од страна на учениците на англиската секција кои за оваа пригода сами ја напишаа и подготвија, драмата „Жената што го пукна ѓаволот“итн.

На наградниот конкурс кој секоја година се распишува оваа година учениците имаа задача да пишуваат на тема „Моето училиште“ , а наградите за за литературна творба ги добија следните ученици:

За литературниот конкурс – првата наградата ја доби Марија Митревска- ученичка во 7 одд. а за ликовниот Виктор Николовски- ученик во 7 одд.Во продолжение следуваат неколку фотографии од нашата приредба

DSCN1771

DSCN1804

Picture 040

Picture 038

DSCN1810

Categories: ДВ | Напишете коментар

Новогодишна МИО работилница

Денес во нашето училиште беше реализирана МИО новогодишна работилница со децата од централното и подрачните училишта од прво до шесто одделение. Тимот кој го сочинуваа кординаторот- Дивна Темелковска и членовите: Кадиме Исљами, Маријана Колеска, Шпреса Решиди и Наташа Стојковска, заедно со одговорните наставници овозможија прекрасна работна атмосфера. Учениците , родителите и наставниците заедно работеа, се дружеа а во исто време и се забавуваа. Работилницата протече во неколку етапи: воведна активност, преку која учениците и родителите преку игра меѓусебно се запознаваа, потоа наставниците наизменично на македонски и албански јазик ги запознаа со правилата кои кои треба да се почитуваат во текот на активностите, потоа следувааше изработката на новогодишни украси и новогодишни честитки и на крај кратка игра како завршна активност.
20141223_095056_Burst01

20141223_095601

20141223_101341

20141223_103148

20141223_103617

20141223_104213

20141223_104247

20141223_105509

20141223_10230411

20141223_113208

Categories: ДВ | Напишете коментар

Приредба под мотото „Ајде да се сакаме“ како дел од проектот за МИО // Shfaqje nën moton “Ejani të duhemi” pjesë e projektit për INA

holding-hands-around-the-world-hi
„Ајде да се сакаме“ //”Ejani të duhemi”

 

      Ние, учениците од подрачните учулишта во с. Крани и с. Штрбово на       ОУ „Димитар Влахов“, на 20.05.2014г.-  11.00 h ПУ.с Крани, ве        очекуваме  на нашата приредба  преку игра и песна да порачаме :

Ајде да се сакаме

Сите како братчиња

Зошто сме си дечиња,

Зошто сме другарчиња.

 

Ne nxënësit e shkollave periferike të f.Kranjë dhe f.Shtrbovë të SH.F “Dimitar Vlahov” në datën 20-05-2014 në ora 11:00 në Kranjë ju mirëpresim në shfaqjen tonë ku ndërmjet këngës dhe lojës të dërgojmë porositë:

Ejani të duhemi Gjithë

si vëllezer

Sepse gjithë jemi fëmijë

Sepse gjithë jemi miq

 

 

 

 

 

Categories: ДВ | Напишете коментар

Среќни Велигденски празници!

За многу години, за многу добрини и многу благослови – Христос Воскресна!

Easter_Eggs-01a

Христос Воскресе!

Categories: ДВ | Напишете коментар

Одбележан патрониот празник на ОУ „Димитар Влахов“ с. Љубојно

Денес по 70- ти пат нашето училиште го одбележуваше патрониот празник.

Програмата се состоеше од два дела:

– спортски дел ( натпревар во фудбал помеѓу учениците од  нашето училиште и учениците од  ОУ „Браќа Миладиновци“- во кој нашите ученици издвојуваа победа од 8:4)

– културно- уметнички дел

За културно уметничкиот дел беа одговорни:

-одделенските наставници – Мери Наумовска, Деса Трајчевска, Весна Зузаровска,  Шпреса Решиди и Наџие Шерифи

– наставничката по македонски јазик и раководител со литературната секција- Маријана Колеска;

– наставничката по англиски јазик и раководител со англиската секција- Дивна Темелковска;

– наставничката по француски јазик  и раководител со секцијата по француски јазик-Славче  Темелковска во соработка со наставничката по француски јазик од  ОУ „Славејко Арсов “- с. Подмочани- Ленче Димшоска ( кои заеднички подготвија рецитал – како дел од проектот за меѓуетничка интеграција);

– наставникот по Музичко  Образование  – Лазор Алабаковски;

Мора да напоменеме дека значајна беше помошта од МВР- Ресен кои ни излегоа во пресрет и не обезбедија со костими ( униформи ) за претставата подготвена од страна на учениците на литературната секција- извадок од драмата  „Терористи“ од Миле Попоски

Наставниците  ја оправдаа одговорноста , како и учениците кои беа вклучени во истата.

Програмата започна традиционално со химната на Р. Македонија која ја изведуваше хорот , па веднаш потоа зеде збор таткото на општината, градоначалникот , господин м-р Ѓоко Стрезовски. Програмата се состоеше од разновидни  точки : песни, ритмички точки, рецитали – драмска изведба на бајката „Пепелашка“ од страна на учениците на англиската секција, извадок од драмата „Терористи “ на  Миле Попоски  итн.

На  наградниот конкурс кој секоја година се распишува  оваа година учениците имаа задача да пишуваат на тема „Училишните клупи раскажуваат“ , а  наградите за   за литературна творба ги добија следните ученици:

– 1 место- песната под шифра  „ Металург“ – Сара Мановска

– 2 место- песната под шифра „Лале“- Катерина Лозановска

– 3 место- песната под шифра „ пролет“- Мартина Василевска

 

Награда за заслуга во ликовниот конкурс доби творбата под шифра „ Робокап“ на  Петар Поповски.

 

 

Следуваат фотографии од подготовките за патрониот празник и од приредбата

подготовка на репертоарот

подготовка на репертоарот и редоследот на точките од програмата со наставничката по македонски јазик

рецитал-на-поемата-македонија-лазо каровски

рецитал за поемата „Македонија“- Лазо Каровски (проба)

проба

извадок од драмата „Терористи“ проба професорката Ели и командирот Димко

драма (проба)

драма (проба) Французите и студентот

драма- проба

полицаецот Ванчо, студентот Жан и Французинот Анри (проба)

974299_722390571117388_1578253919_n

ОУ „Димитар Влахов“ vs ОУ „ Браќа Миладиновци’

10178314_722390554450723_1590013361_n

фудбалски натпревар

10253375_722391457783966_93259152_n

Подготовките се при крај

10253320_722390577784054_2107490380_n

Водителките на програмата

024

Нашита првачиња, нашите колачиња со драмската точка „Фалбаџии“

014

Хорот

019

Обраќање на Градоначалникот на Општина Ресен м-р Ѓоко Стрезовски

 

ПУ с Сливница

Наставничката Весна Зузаровска со учениците учесници

пчелка

пчелка

045

Ученици од ПУ с. Сливница со рецитал „Пчела и дете“

041

Рецитал од членивте на литературната секција – поема „Македонија“ – Лазо Каровски

шминка

шминка( подготовка на Французинот за на сцена)

 

10253310_606727006069124_1553165285_n

Само дел од драмската изведба

078

студентот и полицаецот Ванчо

081

Туристите помешани со терористи

079

студентот и полицаецот Ванчо

10175816_606718169403341_1289051567_o

полицаецот Славе и командирот Димко

10152687_606727419402416_1114687212_n

полицаецот Ванчо , студентот и Французите

 

глумците со наставничката

глумците со наставничката

глумците, наставничката  и припадниците на мвр

глумците, наставничката и припадниците на МВР

 

глумците во претставата

глумците во претставата

 

057

Лошата маќеа и Пепелашка

 

 

 

 

060

Пепелашка , маќеата и сестрите

064

Пепелашка на балот

054

Пепелашка

058

Пепелашка, маќеата , сестрите и нараторите

Пепелашка и добрата Вила

Пепелашка и добрата Вила

Јовано, Јованке

Јовано, Јованке

032

Драмска точка

035

Ученик од ПУ с. Сливница – ја испеа „Македонско девојче “ во придружба на хорот

028

Драмска изведба на текстот „Мразот се топи“ – ученици од 4 одд.

025

Рецитал „Моето училиште“

027

Песничка во изведба на ученици од ПУ с. Наколец

053

Рецитал на ученик од ПУ с. Крани

10177103_10203568784482146_1280877260_o

Рецитаторите од секцијата по француски јазик од ОУ„ Славејко Арсов “ (лево ) и ОУ „Димитар Влахов“ (десно) заедно со наставничките

10156354_10203568784762153_999806428_o

Рецитаторите од секцијата по француски јазик

 

Categories: ДВ | Напишете коментар

 

„Јас не сум учител, туку будител“- Роберт Фрост

„Задачата на модерниот едукатор не е да скротува џунгли, туку да наводнува пустини“ –  К. С. Луис

„Децата треба да ги учиме како да мислат, а не што да мислат“ –  Маргарет Мид

Categories: ДВ | 2 Коментари

Blog at WordPress.com.