ВОН- НАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Во рамките на воспитно-образовната дејност ќе се реализираат разновидни вон-наставни активности.

1. Слободните ученички активности овозможуваат  задоволување на  интересите и способностите на учениците. Во текот на оваа учебна година ќе се организираат следните  слободно ученички активности:

Ред.бр.

Секција

Одговорен наставник

1.

Литературна секција

Наставникот по македонски јазик

2.

Секција по англиски јазик

Дивна Темелковска

3.

Историска секција

Наставник по историја

4.

Биолошка секција

Аница Симоновска

05.08.12

Математичкo физичка секција

Наставникот по математика и физика

6.

Сообраќајна секција

Павлина Свиркова  Мицалевска.

 

Работата на овие слободно ученички активности се планира и се програмира според плановите и програмата на Министерството за образование и наука, а еден примерок се доставува до управата на училиштето.

 2. Одбележување на празници и значајни датуми:

Ред.бр.

Празник

Одговорен

1.

Програма по повод прием на групата на првачиња

Одд.наставник во I одделение

2.

Предавање за 8 септември-Денот на независноста

Наставникот по историја

3.

Предавање за 11 септември – Денот на ослободувањето на Ресен и Преспа

Наставникот по историја

4.

Предавање за 11 Октомври-Денот на востанието

Наставникот по историја

5.

Програма за прослава на Нова година

Трајчевска Деса,Алабаковски Лазе и Симоновска Аница

6.

Свечена академија за Денот на училиштето

Комисија за одбележување и прослава

7.

Програма за прослава на 24 Мај – Денот на св.Кирил и Методиј

Наставникот по македонски јазик

 

3. Грижа на училиштето за здравјето на учениците:

  • Дезинфекција и дезинсекција и дератизација  на училишните простории во август- септември
  • Систематски преглед на учениците од I, III, VI, VII и VIII одделение- Според планот на ЈЗО Здравстен дом Ресен- Лекари од ЈЗО Здравстен дом Ресен
  • Вакцинација и ревакцинација- Според планот на ЈЗО Здравстен дом Ресен -Лекари од ЈЗО Здравстен дом Ресен.
  • Стоматолошки преглед-стоматолог
  • Противепидемиолошки мерки- ЈЗО Здравстен дом Ресен по потреба – сите наставници,
  • Организирање на спортски натпревари – меѓуучилишни, посебно по повод Денот на училиштето
  • Предавања за болести на зависности – декември, март – лекар и задолжен наставник
  • Санитарни Прегледи на сите вработени
  • Систематски преглед на вработените на секои 1,5 години
  1. Производствена и друга општествено корисна работа на учениците

Во овој дел училиштето предвидува

– уредување на училишниот двор и училишните простории од учениците и од одделенските раководители со цел да се создадат навики за одржување на хигиената во училиштето и животната средина.

–  одржување и негување на зелените површини, цветниот парк со цел да се развие љубов кон природата и природните убавини, да се развие позитивен став и чувство на одговорност кон работата.

– учество во акциите по повод  „Денот на дрвото“

–  активности по повод Денот на екологијата (март-април, сите вработени),

– одржување и уредување на постојните  културно-историски споменици со цел да се создаде позитивен однос спомениците , културата и историското минато што се наоѓа во непосредната околина на училиштето.

– одбележување на  јубилеи, празници и настани

– преземање акции и предавање од областа на екологијата

– собирни акции по потреба од Црвен Крст,

одговорни- одделенските наставници.

5. Разновидни смотри и натпревари

Со оглед на тоа што ученичките натпревари се облик на активност при која еден ученик или група ученици се трудат подобро или побрзо да постигнат што подобри воспитно-образовни резултати и влијаат на зголемување на интересот на учениците кон слободните активности, придонесуваат да се развива натпреварувачкиот дух, да се зближуваат учениците од разни средини, училиштето во оваа учебна година ги предвидува следните смотри и натпревари:

– одделенски натпревари (квиз натпревари меѓу и на ниво на одделенија );

– квиз натпревар по македонски јазик

– квиз натпревар по биологија

– квиз натпревар по англиски јазик

– натпревар по математика

–  учество на конкурси и натпревари.

– Училиштето ќе учествува на организирани општински и републички натпревари во организација на Бирото  за развој на образованието

музички смотри :

–  а/ хор;

–  б/ оркестар

–  спортски натпревари

– историја

– географија

– безбедност на сообраќајот

– англиски јазик

– математика

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: