Визија и мисија

ВИЗИЈА

Се стремиме кон негување на слободата на мислењето и говорот, почитување на ученикот, пред се како личност, настава во која ќе се користи современа образовна технологија и методологија и истата да биде применета во корист на остварување на целите на учењето, наставата да биде атрактивна и привлечна и учениците да го сватат учењето како сопствена потреба и нужност и  да градат систем на позитивни вредности ,а со тоа ќе ги подготвиме да се оформат како возрасни зрели личности и да придонесат за градење на демократско граѓанско општество.

Со изградбата на спортска сала, со добро опремување на кабинетите со потребните наставни средтсва во функција на наставата и замена на дотраените со нови , со изработка на средтства на што се работи интензивно и од страна на учениците и од страна на наставниците, со обезбедување на сопствен превоз за учениците и вработените, ангажираноста ќе биде уште поголема, а резултатите повисоки, а ќе постои и економски оправдана заштеда на буџетски средства.

DSC_0037

МИСИЈА

ОУ,,Димитар Влахов” започна со работа на 15.11.1944 како прво училиште во Преспа на мајчин македонски јазик, а второ во Македонија во период кога сеуште не беше целосно ослободена од окупаторот целата територија на Македонија. Постоело за да ги образува и да ги школува голем број на генерации од с.Љубојно и од околните 8 села кои се географски одалечени од општинскиот центар Ресен повеќе од 30 км. Одиграло голема улога во опфаќање на сите училишни обврзници и ја искорени неписменоста и кај постарите луѓе преку вечерните училишта за возрасни. Досега имаат завршено голем број на  ученици и голем број на возрасни лица, а денес се школува 68-тата генерација на ученици. Со укинувањето на ЦОУ,,Борис Кидрич” од с.Крани, од тоа училиште ги прифати учениците од V-VIII одделение на македонски наставен јазик и до IV одделение на албански наставен јазик. Училиштето е опремено за изведување на кабинетска настава во новоизградената зграда со парно затоплување и е центар на сите подрачни училишта. Учениците доаѓаат секојдневно на настава со обезбеден бесплатен превоз финансиран од Министерството за образование и наука по асфалтирани патишта. Клучната вредност е тоа што училиштето претставува живот за овој крај, а целта на неговото постоење е учениците да се здобијат со потребните знаења за да можат без пречки да го продолжат и завршат своето образование во средното образование, што досега се покажало дека успешно се остварува во изминатите години.

Денес нашето училиште претставува отворена институција за нови, напредни и современи облици на учење и примена на новите методологии и го стимулира индивидуалниот развој на сите ученици и вработени, ја развива свеста за правата и одговорностите на ученикот, градењето на личноста на ученикот –поединец и неговото вклучување во колективната заедница и соживот во училиштето и го развива чувството за толеранција и почитување на различностите.

Училиште солидно, кадровски екипирано каде што сите наставници и вработени постојано се мотивирани и се поттикнуваат стручно да се усовршуваат и да ги следат и активно да се вклучуваат во сите тековни обуки за нивно стручно доусовршување и квалитетна примена на здобиените сознанија во наставата. Училиштето е препознатливо со својот изграден имиџ во локалната средина, во која се негуваат меѓусебното разбирање и почитување, националната, верската и етничката толеранција и секогаш отворено за соработка и комуникација со локалната средина, со странски и домашни фондации и организации. Секогаш постои отворен стремеж да се следат развојните определби на образовниот систем во рамките на интерграциските процеси и модернизација на образованието.

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: