Драмска секција (како дел од МИО проектот за учебната 2014 / 2015 г.) ОУ „Димитар Влахов“- ПУ с. Крани

Како дел од МИО проектот во оваа учебна година 2014/ 2015г. во ПУ во с. Крани како долгорочна активност беше реализирана драмска секција во траење од едно полугодие со учениците од одделенска настава.

Одговорни наставници:
– Маријана Колеска ( наставник по македонски јазик)
– Шпреса Решиди ( наставник во одделенска настава на наставен албански јазик)

Ученици кои учествуваа во драмската секција:
– Сание Адили – ученичка во 5 одд.
– Арбнор Абдулаи – ученик во 5 одд.
– Надица Костовска – ученичка во 2 одд.
– Ѓорѓи Лозановски – ученик во 5 одд.

За реализација на целите и задачите на оваа секција беше изработена посебна, прилагодена програма
Цели и задачи на драмската секција
• Запознавање со другиот и зголемување на меѓусебната интеракција;
• Развивање и подигнување на свест за другиот преку заедничките активности на секцијата;
• Да знаат да направат разлика меѓу филм и театарска претстава;
• Да се запознаат учениците со куклениот театар;
• Да се пробуди интерес за драмската и театарската уметност;
• Да се поттикнат учениците за драмската уметничка изведба;
• Да се оспособат учениците за правилен драмски израз;
• Да се применат знаења со помош на ИКТ за драмска уметност;
• Да согледаат дека сите деца, без разлика на етничката припадност, може да развиваат и негуваат исти афинитети и интереси ;
• Стекнување навики за меѓусебно дружење, соработка, учење и помагање;

Средства и услови
-Училница, драмски текстови според програмата, користење на ИКТ;
– Илустрации, хамери, фломастери, тетратка за следење на сктивностите на секцијата;
-Посети од автор, драмски секци и театарска претстава (по можност);
– Сретстав и услови кои ќе произлезат од тековното работење на секцијата, сценографија подготвена во рамките на соодветните услови , фотоапарат, камера;

Програма за драмската секција

1. Цели и задачи на секцијата и начин на одржување на состаноците;
2. Запознавање со драмата како литературен род, драмска претстава, разликите меѓу филмот и театарската претстава;
3. Колективно гледање театарска претстава на ДВД и сумирање на впечатоците од проследеното;
4. Читање извадоци од драмски текстови по улоги;
5. Подготовка на драмски текст за завршната приредба – читање по улоги ;
6. Колективно гледање куклена театар на ДВД и сумирање на впечатоците од изгледаното;
7. Генерална проба за завршната приредба ;
8. Завршна приредба со учество на членовите на секцијата;
9. Организирање средби со драмски автори и средби со други драмски секции( доколку постои можност);
10. Посета на театарски претстави ( доколку постои можност);
11. Користење ИКТ (компјутер) за истражувања поврзани со драмската и театарската уметност;
12. Анализа на работата на секцијата;

Одговорни наставници : Маријана Колеска ( наставник по македонски јазик)
Шпреса Решиди ( одделенски наставник)

Следуваат фотографии од работата на драмската секција :

Picture 68588

Picture 68589

Picture 68590

Picture 68591

Picture 68592

Picture 68593

Picture 68594

Picture 68595

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: