Литературна секција „Творци на уметничкиот збор“

Во склоп на нашето училиште меѓу бројните секции, одлично функционита и литературната секција која ја сочинуваат учениците од VI, VII, VIII(8) и VIII одд. Постои голем интерес кај учениците за оваа секција. Литературната секција под водство на наставникот по македонски јазик и литература изготвува програми за најразлични културни манифетстации како што се Ресенскиот Јаболкобер, Новогодишната Приредба, Патрониот Празник на Училиштето, Велигденскиот Хепенинг итн. Исто така со своите творби учениците редовно учествуваат на литературните конкурси.

Членовите на оваа секција се носители на многу активности, натпревари, приредби, конкурси, одбележување на празници, Денот на училиштето.

Најдрагите мигови на сите членови се дружењата со  поетите и писателите. Најчесто тоа дружење  е во библиотеките, храмот на книгата се со цел учениците  поблиску да се доближат до неа.

Активностите на оваа секција се многубројни: негување на убавиот правилен изговор на јазичниот исказ, учество на програми по разни поводи, посета на театарски претстави, разговор со актери, писатели и слично.

Скромно би било а да не проговорам за изработката на проекти, паноа, подготвување на литературното катче…

Цели и задачи на Литературната секција:

Зборот е најсилното оружје на светот. Оружје и орудие за градење на свеста за своето постоење. Зборот е клуч од челик  кој лесно ги отвора срцата на луѓето, на човекот и оној кој сака  да биде човек. Љубовта  спрема убавата книга, желбата да се нурне во тајните на непознатото, да протече нешто од своето перо во реката од зборови, да бидеш мал поет, писател е основното мото да се членува во литературната секција.

  • Целта на литературната секција е учениците кај кои постои интерес за македонскиот јазик и литературата како уметност да ги продлабочат и прошират своите знаења за литературните родови и видови;
  • Преку создавање индивидуални, креативни, творечки состави , песни и творби  од друг тип да ги развиваат своите креативни и творечки способности , да го развиваат талентот за пишување сопствени творби на литературен јазик;
  • Да развиваат способност за работа со стручна литература и моќта за селекција на податоци;
  • Да се издвојат учениците кај кои постои најголема дарба, талент и љубов кон литературата, изразувањето и способноста своите размислувања и ставови за одредена тема творечки да ги изразат и да оформат во уметничка творба;

На конкурсот кој беше распишан од страна на издавачката куќа „ДАТА- Песнопој“ под наслов „Најубава Божиќна Приказна“-  учебна 2012/2013год.  два ученици  , Петранка Јанева-  VII(8)одд. и Крсте Костовски – VI одд.  под менторство на наставникот по македонски јазик и литература, Маријана Колеска, беа наградени  со дипломи за краток расказ и нивните творби беа објавени во истоимената книга(збирка раскази).

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: