Наградени творби на конкурсот за краток расказ на тема„Најубава божиќна приказна“ од ДАТА Песнопој

           Нашите ученици редовно учествуваат на најразлични литературни конкурси и манифестации. На конкурсот за краток расказ на тема „Најубава Божиќна приказна“ е творбите на двајца наши ученици беа вброени во најдобрите и беа објавени во истоимената книга на ДАТА – Песнопој, а наставничката доби сертификат за менторство и посебен допринос во реализација на конкурсот „НАЈУБАВА БОЖИЌНА ПРИКАЗНА“

241491_4484203988621_1018998051_o

Сертификат за менторство

Најубава божиќна приказна

                 Наближуваше  Божиќ. Сите луѓе во градот некако како да брзаа. Се подготвуваа за семејната прослава  на најубавиот празник за сите освен за едно семејство кое живееше во трошна куќичка на крајот од градот. Во неа живееше- таткото со своите две  ќерки кои ги сакаше најмногу на сиот свет и сакаше за нив да  обезбеди  се што им е потребно во животот. Но, со неговата плата едвај успеваше да се прехранат. Нивната мајка починала од тешка болест, па откако останале сами се труделе на секој можен начин да си помагаат меѓу себе. Двете девојчиња беа вредни, одлични ученички и пример за секого во улицата.

Еден ден пред  Божиќ помалото девојче влезе во една продавница и праша колку пари и се потребни за еден тиркизно- зелен  шал заедно со капа и ракавици. Таа го подаде малото раче кон продавачката и покажа  дека има само шест парички , а продавачката милозливо гледајќи  го малото девојче рече  дека се доволни.3448510273_d15f38e309_z

Девојчето со солзи во очите потрча  кон  дома. По неколку часа во продавницата се појавија  двете  девојчиња. Постарото девојче го враќаше скапиот  поклонот кој никако  не можеа  да си го дозволат. Но продавачката им го врати, уверувајќи ги дека тоа е нејзин Божиќен подарок , заслуга за тоа што се вредни и паметни деца. Заблагодарувајќи се од се срце,радосни како никогаш до тогаш  девојчињата си отидоа дома.  Утредента пристигна  и долгоочекуваниот празник. На скромната трпеза имаше  многу малку работи, но сите тројца си посакаа среќен  Божиќ и со насмеани лица, со желба и со  надеж за подобро утре ја допреа  својата постела.

Автор: Крсте Костовски VI- одд.

ОУ „Димитар Влахов“ с. Љубојно – Ресен

Ментор: Маријана Колеска

DSC_0031

Крсте Костовски
Свечено доделување на дипломите
и литературно читање на наградената творба

Најубава божиќна приказна

Јануари.Паметам  беше утро, зимско утро.Погледнав низ прозорецот ,надвор се’ беше бело,како бела покривка да го покрила целиот град.Ги видов децата,се радуваа  како никогаш до тогаш.Во секој двор имаше направено Снешко,куќите беа убаво украсени со новогодишни украси.Го видов стариот дедо како ја подготвува санката за својата малечка внука.Се’  е волшебно и толку прекрасно,како некој волшебен свет,како некоја волшебна искра-Божиќ.Само јас бев тажна поради тоа. Тажна на тој ден кој сите го дочекуваат со радост.Падна ноќ ,секоја моја солза паѓа како снегулка.Гледам кон патот каде што поминуваа среќни и весели луѓе.Во главата ми е само една реченица:,,Чекај ме,за Божиќ ќе дојдам.”.Поминаа точно четири години. На секој Божиќ нова надеж,нова верба ,нови работи,но едно е исто – тебе те нема.Мајка ми влезе во собата ми ги донесе моите омилени колачи кои убаво ги прави, ме погледна и ми рече:,,

– Не грижи се ,ќе дојде”-  и си замина.

Отидов во паркот на местото каде што се запознавме,каде што си ветивме дека засекогаш ќе бидеме заедно,на овој ден-  Божиќ. Седев на истата клупа,да, на клупата каде што ти ми  подари синџирче со твоето име, синџирче кое и ден денес го носам на мене.Погледнав околу себе,секој дом беше исполен со среќа.Радоста на луѓето допираше до мене. Позитивната енергија ми даваше надеж. Трпезите во куќите беа многу богати . Јадење и пиење во изобилие. Волшебна магија го имаше обиколено градот. Погледнав во часовникот,  само уште пет минути до полноќ.Надежта полека умираше,солзите постојано  ми течеа по лицето, а срцето бавно ми чукаше.Во тој момент слушнав глас ,глас кој стануваше се погласен.Некој го изговори моето име.Се свртив.Не можев да поверувам , мислев дека е сон. Те видов како стоиш пред мене, не им верував на очите.Беше променет, но во душата беше  ист.Силно те прегрнав,се плашев дека пак ќе ме напуштиш и ќе ме оставиш сама.Тогаш ја почувствував волшебната магија на божиќната ноќ. Сфатив зошто тој ден ги прави луѓето среќни. Сфатив дека Божиќ ги зближува луѓето засекогаш.

Автор: Петранка Јанева  VI I (8) –одд.

ОУ „Димитар Влахов“ с. Љубојно – Ресен

DSC_0032

Петранка Јанева
Свечено доделување на дипломите

Ментор: Маријана Колеска

DSC_0035

Петранка Јанева
Литературно читање на наградената творба

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: