Текстови од членовите на литературната секција

Една моја авантура

 

Едно девојче седи покрај прозорецот со лист и пенкало во рака. Гледа во далечината. Таа е толку многу занесена и замислена што заборавила што ќе пишува. Размислува за нејзината иднина, но толку длабоко размислува што наеднаш почнува да сонува…

Ја сонува својата авантура на иднината. Одеднаш гледа една голема,увава,модерна девојка. Влегува во една огромна фирма, носи високи потпетици и голема чанта. Одеднаш се врти нагоре и на фирмата си го гледа своето име. „О, тоа сум јас“-вели таа. А од назад некој и шепоти „Да-тоа си ти, една успешна,млада сопственичка на толку голема фирма“.

Се завртува и гледа една друга слика за неа, друга иднина, многу поразлична од претходната. Се наоѓа на терен, вежба, спортува а потоа се гледа самата себе на ракометен натпревар, со толку многу луѓе со толку гласна публика. „Дали навистина тоа сум јас“-се прашува таа, а од назад повторно се слуша глас-„Да тоа си ти-ракометарка на македоснката репрезентација“. Сето тоа беше толку прекрасно, се врти на едната страна-гледа како таа ги води состаноците, се врти на друга страна-гледа како игра на натпревар. Но сето тоа наеднаш запира. Се слуша гласот на мајка и-  „Ќерко, доаѓај, ручекот е готов“.

Девојчето наеднаш се поместува од прозорецот и застанува пред огледалото, се погледнува …

Да драги мои, тоа девојче сум јас! Тоа е мојата посакувана иднина. Иднината во која јас се гледам себеси. Иднината за која сонувам и мечтаам.  Којзнае можеби ќе успеам во тоа…

 

Мановска Сара IX одд. (2014/2015 г.)

 

images (6)

„Ако можеш да сонуваш, можеш и да постигнеш“

 

 

И ние сме едни од вас

Сите луѓе на овај свет
нека чувствуваат
и во еден глас нека извикуваат
-И ние сме дел од вас сите сме дел од овој свет!
Дишеме ист воздух,
живееме под едно небо,
мајката природа сите не храни
и од пороци не брани.
И ти што стоиш во количка,
и ти што не гледаш добро,
и ти што се движиш со мака,
и ти што не говориш чисто,
биди дете исто.
Даруваме топол поглед,
подаваме рака
за сите деца на овој свет.
Сите сме исти, И ние сме едни од вас!
Напишала: Сара Мановска VIII (9) 2013/2014 г.

 

 

 

 

 

 

Есенска слика

Есента пристигна во мојот крај

со златен блесок на сончевиот сјај.

 

 

 

По гранките плодовите зреат

 децата весели  песните пеат,

така срцата  ги греат

на луѓето што по нивите сеат.

 

 

 

Desktop Wallpapers - Beauty of Nature (3)

Есенска слика

Шумоли реката бистра

ко детска солза чиста,

шумата остана жолта

како есенска порта.

 Напишал:  Крсте Трајковски VII- oдд. (2013/2014г. )

 

 

 

 

 

Есенски ден во мојот крај

Октомври е. Доаѓа тивко и ја носи есента.

Деновите стануваат покуси и постудени.Сонцето се помалку грее.

Се почесто врне дожд.Нивите се изорани и посеани.Низ полето се е раздвижено

.Се берат јаболката,крушите,дуњите.Натежнатите гроздови се собрани.

Цел ден се работа низ бавчите.Низ улиците е тивко.Сите изморени се прибираат дома.

Не се слуша и детскиот џагор.Студеното време ги тера да седат во своите топли домови.

Прекрасен поглед на златна есен се бранува низ моите очи.

Напишала: Сара Мановска VIII (9) одд.  (2013/2014 год.)

     

 

 

 

 

 

 

Убава си моја татковино

Татковино моја утринска роса

убава како девојка, растрчана боса.

Твоите планини до небо ме носат

каде што птиците облаците ги косат.

 

 

 

 

Твоите полиња како океани рамни

опеани во песните славни

Никој не жали дека се родил во тебе

каде и да оди те носи во себе.

 

 

 

 

Ти имаш и езеро мило.

Кое поkрај планината се свило.

Твоите планини до небо ме носат

каде што птиците облаците ги косат.

 Напишал : Дејан Китан  VIII  одд.  (2013/2014 год.)

Убава си татковино

Странец

Читајќи ја старата книга така

со шарено марамче в рака.

Во очите  му се гледа жал

кој одамна тој на друг го дал.

Како војник беше тој

кој го бранеше пријателот свој.

Тој беше само еден странец со чест

кој на пријателот му донесе добра вест.

Тој беше со судбината в бој

за чесност и гордост се бореше тој.

    Напишала:    Петранка Јанева VIII  одд.  (2013/2014 год.)

Убава си моја татковино

Погледнеш в поле ширно

птиците летаат и се е мирно.

Реката брзо си тече,

а ветрето дувајќи „ смејте се“ како да рече.

Цвеќињата во ливадите раснат,

и тие бои си велиш никогаш нема да згаснат.

Пчелките постојано брзаат во својот лет,

но секогаш летаат во некој ред.

Врбата шумоли и се вее,

а облакот како потајно да ја

ѕирка и скришно и се смее.

Децата по улицата весело одат и пејат

и како сите да ги повикуваат

да пешачат додека дрвјата и цвеќињата се вејат.

Пролетта наоколу царува

и со најубави дарови не дарува.

В езеро погледнеш сино

или планина бујна

ја забележуваш татковината моја рујна.

Напишала: Марија Николовска  VIII  одд.  (2013/2014 год.)

Убава си моја  татковино

Татковино моја мила

ти ми даваш крила.

Во тебе јас се родив.

во тебе јас проодив.

 

Во тебе најубавото цвеќе цути

и во мене радост буди.

За тебе секој живот би дал.

никогаш не би се покајал.

 

Во срцето секогаш те носам

ако треба за тебе солзи ке росам.

За тебе никогаш нема крај

Татковино ти си мојот рај.

 Напишал:   Димитар Митревски    VIII  одд.  (2013/2014 год.)

Убава си моја татковино

Облечена во сите бои

тебе се убаво ти стои

плодови, цветови разни

и ливади зелени мазни.

Поточиња реки брзи

погледот од убавини мрзни

планини котлини во сјај

на убавите му нема крај.

Убава татковино моја,

тоа е сликата твоја

опеана во мојата  песна

 тих шепот кој душата ми ја олесна.

        Напишала:  Стефанија Неделковска  VIII  одд.  (2013/2014 год.)      

   

Татковино моја

В долина долу реката ечи

и никој нејзината убавнина

 не може да ја спречи.

Татковино ,ти си цветна градина знај

љубов голема која нема крај.

Твојата убавина- откинат дел од мојот рај

и за секогаш со тебе ке останам знај.

Со тебе ке останам татковино до крај

безброј убави мисли ти мислам знај.

             Напишал:    Ѓорѓи Митревски  VIII (8) одд. (2013/ 2014г. )

                 

 

 

 

 

 

 

Убавините на татковината

          Ех, тие високи врвови

          Растегнати како црвови!

       Ех, тие дрва високи

     И планини големи!

 Ех ,тие шуми зелени

         И тие води белени,

         Ех, таа магла ме покрива

        но, топлото сонце ме открива.

Ех,  тие води разделени

      на нашите реки чисти

      Тие планини зелени

      на овие  езера бистри.

    Напишал: Никола Поповски VIII(8) одд. (2013/2014 г.)

                 

   

ПРОЛЕТНА СЛИКА

Во  полињата и густите шуми

вредната  пчела  силно зуми.

А  ливадите свежи зелени

со цвеќина  се развеселени.

Во бистриот поток срната вода пие,

а  во густежот зајакот мирно спие.

Напишал : Стојанче Димовски  VIII(8) одд. (2013/2014 г.)

 

 

 

Посветено на Тоше Проески

“Ве сакам сите”-Тоа се зборовите што ти најчесто ги изговараше. Зборовите кои кога и да ги слушнам гласните жици ми затреперуваат додека се сеќавам на твојот  лик. Но најмногу ме прави тажна тоа што никогаш не можев да те слушнам. Ме погодува и сосема ме крши помислата што не успеав да те видам. Сите знаат, па така и јас – беше еден и единствен.Ти допираше до срцата на сите нас затоа и се’ уште живееш во нив. И ден денес не можам да се помирам со тоа што те нема, те нема меѓу нас. Како низ магла се’ уште се сеќавам  на денот кога ја прочитав веста на телевизорот, кога имав само седум години. И се’ уште живеам со една помисла дека ако не се случеше тоа што се случи можеби ќе те видев.  Се што имам од тебе е само две мали цедиња со твојот автограм. Тие ми се единственото нешто што ме поврзува со тебе. Посакувам да можам да го слушнам твојот глас во живо,а не преку звучниците на мојот компјутер, да ги видам твијте очи во кои се кријат илјадници ѕвезди, да ја видам и твојта насмевка која од една страна ми ја грее душата, а од друга старна силно ме погодува. И сите овие солзи исплакани за тебе значат само едно- „Почивај во мир”!

Напишала: Ана Секуловска VIII- одд. (2012/2013г.)

600full-tose-proeski----live-collection-

Тоше Проески -Почивај во мир!

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: