Прославен патрониот празник на ОУ „Димитар Влахов“- с. Љубојно

Денес по 71 -ви пат беше прославен патрониот празник на нашето училиште. По овој повод наставниците и учениците подготвија програма со која се претставија пред присутните: гости,градоначалникот, претставници од општината, родители и наставници.
Програмата беше поделена на две етапи:спорстски дел( фудбалски натпревар помеѓу учениците од ОУ„Димитар Влахов “- како домаќини и ОУ„Браќа Миладиновци “-с. Царев Двор, како гости). Резлутатот беше 4: 3 за нашето училиште.

За културно уметничкиот дел беа одговорни:

-одделенските наставници – Мери Наумовска, Кадиме Исљами, Сузи Ќоропановска и Деса Трајчевска

– наставничката по македонски јазик и раководител со литературната секција- Маријана Колеска;

– наставничката по англиски јазик и раководител со англиската секција- Дивна Темелковска;

– наставникот по Музичко Образование – Лазор Алабаковски;

Наставниците ја оправдаа одговорноста , како и учениците кои беа вклучени во истата.

Програмата започна традиционално со химната на Р. Македонија која ја изведуваше хорот , па веднаш потоа зеде збор таткото на општината, градоначалникот , господин м-р Ѓоко Стрезовски. Програмата се состоеше од разновидни точки : песни, ритмички точки, две традиционални ора( македонско и албанско ) како дел од МИО проектот „Сите сме еднакви“, рецитали – драмска изведба „They will never learn“ од страна на учениците на англиската секција кои за оваа пригода сами ја напишаа и подготвија, драмата „Жената што го пукна ѓаволот“итн.

На наградниот конкурс кој секоја година се распишува оваа година учениците имаа задача да пишуваат на тема „Моето училиште“ , а наградите за за литературна творба ги добија следните ученици:

За литературниот конкурс – првата наградата ја доби Марија Митревска- ученичка во 7 одд. а за ликовниот Виктор Николовски- ученик во 7 одд.Во продолжение следуваат неколку фотографии од нашата приредба

DSCN1771

DSCN1804

Picture 040

Picture 038

DSCN1810

Categories: ДВ | Напишете коментар

Post navigation

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: