За нас

Нашето училиште  „Димитар Влахов“ се наоѓа во  прекрасната Преспанска Котлина.  Неговите почетоци  укажуваат за долгогодишната традиција на ова училиште. ОУ „Димитар Влахов“-за прв пат започнува со работа  на мајчин јазик  на 15.11.1944 год. Првоотворено училиште на мајчин јазик во Преспа, а второ во слободна Македонија.

Своето име, Димитар Влахов,  кое од своето основање па до денес со гордост го носи,  го добива  по големиот кукушанец, револуционер и соборец на Гоце Делчев и борец во Илинденското востание, Првата и Втората светска војна.

Во својот состав вклучително  со централното училиште во с. Љубојно влегуваат  и подрачните училишта од околните села: Долно Дупени, Наколец, Штрбово, Крани и Сливница.

Колку генерации поминале низ нив, колку спомени сокриле овие ѕидови. Само кога би можеле овие клупи да проговорат, колку приказни би раскажале.

Над 6000 ученици  токму тука го стекнале своето основно образовани. Горди сме на нивните  успесите, горди сме на нашето училиште затоа што на Македонија и на светот им дало цела плејада академски граѓани со разни титули и од сите профили. Горди сме што сме дел од него.

Познато ни е дека знаењето денес е достапно, но тука се негува и визијата да се  размислува со своја глава, да се развива имигинацијата. Имагинацијата е исто толку важна колку и знаењето, бидејќи знаењето ни кажува што во моментов знаеме и разбираме. Имагинацијата ни укажува на сето она што можеме да откриеме и сознаеме.

Денес нашето училиште претставува отворена институција за нови, напредни и современи облици на учење и  примена на новите методологии, го стимулира индивидуалниот развој на сите ученици и вработени, ја развива свеста за правата и одговорностите на ученикот, градење на личноста на ученикот и неговото вклучување во колективната заедница и соживот во училиштето. Училиштето е претпознатливо по својот изграден углед во локалната средина, во која се негуваат меѓусебното разбирање и почитување, национална, верската и етничка толеранција.

Picture 178

ПУ с. Д. Дупени

Како што кажува една стара мудрост – кругот на сознанието се затвора на крајот од вечноста. Секоја генерација го темели својот напредок врз претходните, наследените знаења.  Тука се поставени цврсти и здрави темели. Наша обврска е  да продолжиме да чекориме по тој пат, активно да партиципираме во тој процес.

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: