Димитар Влахов

Димитар_Влахов

Димитар Влахов (Кукуш8 ноември 1878 – Белград7 април 1953) бил македонски револуционер, општественик и државник. Бил деец наМакедонската револуционерна организацијаНародната федеративна партијаВМРО (Автономистичка)ВМРО (Обединета)Бугарската комунистичка партијаКомитерната и Комунистичката партија на Југославија.

Тој е роден во Кукуш, кој тогаш бил во Османлиска империја. Неговиот брат е револуционерот Христо Влахов. Во периодот од 18941897 година учел воСолунска машка егзархиска гимназија. Подоцна завршил средно образование во Првата машка гимназија во Софија, а потоа станал учител воБелоградчик. Образованието го продолжил во Германија и Швајцарија каде учел хемија, а таму почнал да се движи и меѓу социјалистичките кругови. Во тоа време тој станал и член на БРСДП и гравитирал околу Македоно-одринската социјалдемократска група, а стапил во контакт и со анархистите одМакедонскиот таен револуционерен комитет. Во 1903 година дипломирал на Софискиот универзитет.

Есента 1903 година се вклучува во македонското национално-ослободително движење. Во 1904 година кратко време е член на ЦК на ТМОРО и раководител на ТМОРО во Солун. Уапсен е во 1904 година и останува во затвор до 1905 година.

По Младотурската револуција, во есента 1908 година е избран за пратеник во младотурскиот парламент, заедно со Христо Далчев, како претставник на левицата на македонското ослободително движење. Учествува во редактирањето на весникот „Единство“ кој бил орган на дејците од Струмичкиот револуционерен округ на ВМОРО. На основачкиот конгрес на Народната федеративна партија во август 1909 година е избран за претседател на Централното биро на партијата и станува еден од нејзините најистакнати членови. Набрзо влегува во судир со Јане Сандански и во јануари 1910 година го исклучува од членство на партијата. Не зема учество на Вонредниот конгрес на НФП во април 1910 година, на кој санданистите избираат ново раководство на партијата. Делува и во рамките на Солунската социјалистичка федерација.

Балканските војни и Првата светска војна

По Балканските војни револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во своите „Мемоари“ пишува дека имал неповолно мислење за Димитрија Чуповски и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и дека за списанието „Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари. Истотака, во своите „Мемоари“ пишува и за напорите кои биле правени уште од 1918 година во Одеса за признавање на Македонците.

Во 1916 година, по анектирањето на Македонија од страна на Бугарија, Влахов станува управник на Приштинската област.

Помеѓу двете светски војни

По завршувањето на Првата светска војна ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во Одеса, а потоа во Виена. Во 1920 година Влахов бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО (Автономистичка), како претставник на левото крило.[1] По тоа време тој бил испратен во Варна од Тодор Александров за да оствари контакт помеѓу ВМРО иСоветска Русија. Врска му бил Крсто Раковски, негов кум и истакнат работник на Коминтерната. По нарачка на ВМРО Влахов, заедно со зетот на Тодор Александров – Михаил Монев заминале во јули 1923 година за Москва. По враќањето Влахов подготвил извештај во кој се рефлектирало дека СССР симпатизира на македонското ослободително движење и има желба контактите да продолжат. Влахов бил еден од член-основачите е на Македонскиот научен институт во 1923 г. Во 1924 година тоj бил испратен со препораките на ВМРО како трговски претставник на Царството Бугарија во Виена.

Во 1924 година е еден од организаторите на потпишувањето на т.н. Мајски манифест во Виена со кој ВМРО се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот. По потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој се обиде да ги смири спротивставените водачи на ВМРО, Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада. Манифестот очигледно бил комплетиран на 29 април 1924 година, но неговото публикување е одложено и виси во воздух во очекување на враќање на Тодор Александров во Софија за да ги консултираат другите партии таму. По пристигнувањето во Софија неговите следбеници го убедиле да го повлече својот потпис во интерес на самата ВМРО која не би смеела да си дозволи да изгуби толку „способен“ лидер во тој критичен момент. Александров поради тоа го известил Влахов и Петар Чаулев да го суспендираат објавувањето на Манифестот и веднаш да се вратат во Софија.

Влахов одбива да постапи така и се вклучи во формирањето на ВМРО (Обединета). Несогласувајќи се со терористичките методи на ВМРО, кое во тој период потпадна под влијание на Ванчо Михајлов и дегенерира во пион на бугарските и италијанските планови за ширење на Бугарија на Балканот, Влахов ги изложи своите идеи во неговата позната книга „Балканска федерациja“ во која се вели: „Интегрализмот е големосрпска идеја, федерализмот – југословенска, а федерацијата има за нас смисла до толку до колку ние преку неа би можеле да го видиме нашиот заветен идеал – слобода на нашата татковина…“

На крајот на 1933 година Балканскиот секретаријат на Коминтерната решава да постави за разгледување на еден од состаноците македонското прашање. По спомени на присутниот на седницата Димитар Влахов, таму е решено да се довери подготовката на резолуциjaта за прашањето на двајца Полјаци кои немале поим од оваа проблематика.[2] Со помош на Д Влахов сепак била изготвенаРезолуција на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање и таа била е одобрена од Политичкиот секретаријат на Коминтерната на 11 јануари 1934 година. Самата резолуција е усвоена од Извршниот комитет на Коминтерната во февруари 1934 година. Од Коминтерната одлуката за македонска нација се пренесува на ВМРО (Обединета) и во април 1934 година весник “Македонско дело” го објавило текстот на резолуцијата.[3]

Влахов не беше ориентиран ниту кон Бугарија, ниту кон Југославија (која тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон Советскиот Сојуз, со чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно-словенските народи каде Македонија би формирала одделна, автономна федерална единица.

Од 1925 до 1944 година Влахов е член на Бугарската комунистичка партија. Во емиграција бил уредник на весниците „Македонско дело“ во ВиенаБерлинПариз. Во тоа време Влахов станува агент на советското разузнавање,[4] како контактира со него преку офицерот за врски со ВМРО (обединета), Георги Димитров.[5]

Втората светска војна и враќање во Македонија

Од 1936 до 1944 год. живее во СССР. По нападот на Германија врз СССР во јуни 1941 година учествува во работата на Сесловенскиот комитет како претставник на македонскиот народ. На Второто заседание на АВНОЈ на 29 ноември 1943 година во отсуство е избран за член на неговото Претседателство. Избран е и за делегат на Првото заседание на АСНОМ.

Во ноември 1944 се враќа во штотуку ослободеното Скопје и преминува во членство на Комунистичката партија на Македонија. На 26 ноември, на Првата конференција на Народноослободителниот фронт на Македонија, тој е избран за негов претседател, а на Второто заседание на АСНОМ во декември е избран за член на Президиумот на АСНОМ. На Третото заседание на АСНОМ во април1945 година станува член на Президиумот на Народното Собрание на Македонија.

Но, партиското раководство во Македонија на чело со Лазар Колишевски, пополека го потиснува од власта, испраќајќи го на работа во Белград. Влахов е избран за потпретседател на Президиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ, а во 1946 година е член на југословенската делегација на Париската мировна конференција.

На Шестиот конгрес на КПЈ, во ноември 1952 година Влахов е избран за член на Централната ревизиона комисија на Партијата. Умира во Белград во 1953 година.

Мисли на Димитар Влахов

Кога зборувам за македонскиот народ ги имам предвид на прво место македонските Славjани. Под името македонски народ по тоа време мекедонските деjатели го разбираа целото население на Македниjа, т.е. зборот Македонци имаше поскоро географски карактер …Кога револуционерната организација беше основана и почна да работи, jа започнува своjата работа наjнапред среде оние Македонци кои се викаа Бугари…

—Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970, стр. 21 [6]

„Но во работата среде македонските Словени – егзархисти, револуционерните дејатели сретнаа голем отпор и силни пречки од страна на бугарската империјалистичка политика и нејзиниот орган бугарската Егзархија.
Но треба да се одбележи дека тие македонски Словени, кои го признаваа духовното ведомство на Егзархијата, се чувствуваа како одделен народ…Тие македонски Словени беа пројавиле во текот на целиот XIX век стремеж да ја развијат својата култура на говорниот јазик на македонскиот народ на разни дијалекти.
Многу од Македонците низ целиот XIX век, пред уште да биде образувана бугарксата Егзархија и пред тие училишта да бидат раководени како последна инстанца од самата Егзархија, ги пишеа своите книги и преподаваа во училиштата на народниот македонски јазик.“

—Димитар Влахов, Мемоари, стр. 22

Dimitar_Vlahov_Fes

Напишете коментар

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Create a free website or blog at WordPress.com.

%d bloggers like this: