Задолжителна настава

Задолжителната настава ќе биде целосно, правилно и стручно застапена и ќе бидат опфатени сите ученици од I, II, III, IV V VI и VII деветгодишно основно образование и сите ученици од VII -VIII одд. по програма за осумгодишно основно образование. Во учебната 2012/2013 год. во училиштето, ќе се школуваат вкупно82 ученика, распоредени во14 паралелки. На Наставничкиот совет одржан на 24.08.2012 одредени се14 одделенски раководители како и претседатели на Советите на одделенските и предметните наставници оформени се стручните активи и именувани претседатели на истите.

Задолжителната настава ќе се изведува по предметите што се предвидени според НАСТАВЕН ПЛАН И ПРОГРАМА за воспитно-образовната дејност на основното училиште донесени од надлежниот државен орган за сите одделенија во основните училишта каде се дефинирани задолжителните предмети како и седмичниот фонд на часови.

Задолжителната настава во  централното училиште и  подрачните училишта ќе се изведува во една  смена. Сите наставници кои ја реализираат наставата во ова училиште ја имаат потребната стручна подготовка. Дел од наставниците доаѓаат од други училишта, а неколку наши наставници дополнуваат часови во други училишта.

Оценувањето на постигањата на учениците ќе се врши според Законот за основно образование и Стандардите за оценување. Од I до III одд. учениците ќе се оценуваат описно, во IV , V и VI одд. описно и бројчано, а од VII до VIII одделение оценувањето ќе се врши бројчано. Со анализа на воспитно- образовниот процес се воведува училишно планирање за оценување на постигањата на учениците. Оценувањето започнува со континуирано следење на учениците од првото тромесечие до крајот на учебната година при што вклучени се сите одделенски и предметни наставници и стручните служби.

Со воведувањето на планирањето на оценувањето и неговата реализација ќе го добриме квалитетот на оценувањето, особено континуитетот и објективноста со што сакаме да придонесеме за повисоки постигања во учењето на учениците, преку воспоставување на стандарди за оценување, обука на наставниот кадар, изготвување на стручни материјали, подигање на свеста на сите вклучени во оценувањето за придобивките од квалитетно оценување.

Цел: Со  училишното планирање на оценувањето училиштето ќе постигне :

Подобрување на квалитетот на учење и подучувањето преку оценувањето.

539058_331318403629805_205647505_n

Напишете коментар

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.