Полуматуранти 2012-2013 год

601911_499135963490923_2063625975_n

алманах 2013

 

Ивана ја препознаваме по витканите коси

и секогаш  модерно сакаше да се  носи.

Цртањето и беше нејзина опсесија,

а дизајнерка да биде- идна професија.

           Емилија  на часови на фб висеше

и планот од табла не го пишеше,

со каталогот на орифлејм секогаш шеташе

и во секој  разговор ни се мешаше.

 

 

Љубе  беше добро момче

и едвај чекаше да ѕвони ѕвонче.

Да препише на тест се’ правеше,

а за „Челзи“ душата ја даваше.

Христијан беше шмекер главен,

и со фудбалот стана славен.

Тој умееше наставниците да ги изнервира,

а потоа ветуваше дека ќе се корегира.

 

Елена на математика ретко одговараше

и со наставниците не се караше,

многу работи не поднесуваше

и често до уши се вљубуваше.

 

Ана ни  беше австралјанка права

и добри совети секогаш таа дава,

знае да глуми без маана

а и поезијата и беше јака страна.

Менде беше шегаџија меѓу нас

знаеше да не насмее секој час,

глумец да стане тој сака

и со задачите по математика си имаше мака.

 

Валентин за последиците не размислуваше често,

а и на француски никогаш не го фаќаше место,

часовите не ги ги следеше

и неоправдани си редеше.

 

Филип беше највисок во нашиот клас

и никогаш не внимаваше на час.

Секогаш имаше фикс идеја

кога ќе ја слушневме паѓавме од смеа.

Напишете коментар

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.