Обука за заеднички спортски и рекреативни активности на учениците и за тимовите на наставниците- како дел од проектот за меѓуетничка интеграција во образованието

На 17- 18 .04.2015 г. во хотел „Макпетрол“- Струга беше реализирана МИО обука за заеднички спортски и рекреативни активности на учениците и за тимовите на наставниците, членови задолжени за реализација на МИО проектот:
– Марица Мачковска- директор на училиштето;
– Дивна Темелковска- координатор на тимоот за МИО ( наставник по англиски јазик);
– Маријана Колеска- член на тимот ( наставник по македонски јазик);
– Шпреса Решиди- член на тимот ( наставник во одделенска настава);

Од сите општински училишта, менторот задолжен за овој реон го предложе нашето училиште како училиште каде што успешно се рализираат активностите предвидени со МИО проектот.
Обуката се одвиваше во неколку етапи :
– Бон- бон куп/ практична работа низ три ротации;
– Работилница- дете во центарот- просветен работник;
– Креативна работилница- просветен наставник;
– Практична работа на терен- Креативни работилници на терен;
Главна и основна цел на овие работилници беше преку прашања да се изнајдат начини како да добиеме посреќно дете во воспитно – образоцниот процес, среќното дете кое треба да ѕвезда водилка на секој наставник и родител.
Кои правила треба еден наставник да ги почитува при реализација на спортските активности?
Што ќе добие наставникот за возврат од страна на учениците?- како одговор на тоа добиваме дека наставникот на добива почитта од учениците и насмеаното лице.
Разговорот претставува важно педагошко средство меѓу наставникот и оние то се на пат да пораснат. Соработката е меѓусебен однос во кој не се работи само за тоа јас да бидам добар, туку и што се можам да сторам за да му помогнам другиот да биде подобар.
Најдоброто и најважното нешто во спортот се дружењето и социјалниот живот на соучениците, создавањето средина во која децата учат да : слушаат, покажуваат игра, толеранција, прават компромиси, зависат едни од други и преземаат одговорности заедно со другите.
Она што треба да претставува мотивација е- да се учи низ игра затоа што добрата игра ги урива границите и создава еден „нов и заеднички однос на припадност“ едно „ново ние“. „Ние победивме“ и „Ние изгубивме“.

Следат неколку фотографии од обуките:

11153652_796751633707563_1656826177_o

11153363_796751677040892_804203546_o

11138694_10204812331281240_7391915247169986041_n

11158205_796750753707651_1371846623_n

10906382_10204813980362466_8881138866604273020_n

10409629_10204813977522395_6883959721284054163_n

Напишете коментар

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.