Училишна библиотека

Во нашето училиштето одлично книгифункционира и училишната библиотека која располага со солидна библиотечна граѓа.Sliki od Rabota...Acibadem Sistina 016

Поаѓајќи од своите основни задачи, училишната библиотека при ОУ „Димитар Влахов“- с. Љубојно  континуирано работи за развивање на културата на читање и творечките потенцијали на учениците. Ги оспособува за самостојно доаѓање до податоци и информации за одредена литература. Ги поттикнува учениците за практично учество во културната и јавната дејност во училиштето и јавната средина.

Плански и систематски ги прима и распределува бесплатните учебници за сите одделенија, ги доделува на одделенските раководители на почетокот на учебната година( месец- септември) и ги раздолжува исто така од нив на крајот на учебната година со соодветни записници.Sliki od Rabota...Acibadem Sistina 015

Учесниците преку активностите во училишната библиотека се оспособуваат за користење на различни  методи на самостојно учење и работа со текстот. Кај сите се развива љубов и наклонетост кон книгата, согласно она што е нивна желба и потреба  за читање. Им се формираат навики за внимателно ракување со книгата и чување и заштита на библиотечниот материјал.

За учениците од прво одделение организираме свечено зачленување со посебно  организирана програма.

Училишната библиотека редовно планира и учествува во реализација на културно- просветни манифестации во училиштата и манифестации во соработка со Локалната Самоуправа- Општина Ресен и Домот на културата „ Драги Тозија“- Ресен во чии рамки е вклучена и  Матичната градска библиотека во Ресен.Sliki od Rabota...Acibadem Sistina 018

Младите библиотекари на нашето училиште редовно земаат учество на општинскиот  натпревар за библиотекарство „Млади библиотекари“ кој го организира Градската библиотека  при домот на културата „Драги Тозија“- Ресен.

Sliki od Rabota...Acibadem Sistina 019

Напишете коментар

Напишете коментар

Create a free website or blog at WordPress.com.