Литературна секција( запознавање со поетесата)

Picture 241Picture 243Picture 242Picture 246Picture 247Picture 249

Во нашето училиште одлично функционира литературната секција. Имаме млади и надежни идни поети. Ова е само мал дел од часот кога членовите на литературната секција се запознаа со нашиот гостин- роднокрајна поетеса Славче Гаџова.

Славица Гаџова (1984, Битола), магистер на филолошки науки, докторанд на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје и надворешен соработник на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, Република Словачка. Се занимава со истражување на односите меѓу книжевноста и дискурсите на моќта, репрезентациите на политичкото насилство во книжевноста, односите моќ-знаење-вистина во рамки на прозата, како и интермедијалните релации меѓу романот и филмот. Објавила над 30 книжевни студии, есеи, критики и осврти во периодиката во земјава и странство. Пишува поезија и кратки раскази и добитничка е на неколку домашни награди (меѓу кои, награда за краток расказ на „Нова Македонија“, награди за есеи Блаже Конески на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје и на списанието „Корени“ од Куманово). Учествувала на Струшките вечери на поезијата (2008, 2010 и 2012), фестивалот за алтернативна уметност Фрик (2010) и Светското поетско движење (2011). На Струшките вечери на поезијата во 2012 година, ја добива нововостановената награда Енхалон, за најдобра песна од млад македонски автор, за песната „Писмо дванаесетто“, од поетската книга Писма, (2012) година, во издание на ПНВ Публикации. Славица Гаџова зборува осум јазици и соработува и со неколку издавачки куќи како книжевен преведувач. Во печат е нејзината студија Книжевноста и дискурсите на моќта во издание на издавачката куќа Сигмапрес од Скопје.

PromocijaPisma Nagrada EnhalonНејзината поезија до сега е преведена на англиски, италијански, српски, хрватски и словачки јазик.

Напишете коментар

Напишете коментар

Blog at WordPress.com.